| четврток, 6 декември 2018 |

Крива Паланка: Нема да дозволиме некој да ни ја дели или продава државата

– Нема да дозволиме некој да ни ја дели или продава државата – рече на вечерашниот марш „За заедничка Македонија“ во Крива Паланка Едита Поцева, од Организација на жени Крива Паланка.

И вечерашниот мирен протест за поддршка на унитарна Македонија граѓаните маршираа од населба Единство, преку центарот на градот до плоштадот Карпошово Востание пред зградата на локалната самоуправа.

– Никогаш нема да ги заборавиме борците од Народослободителната борба, ниту бранителите од 2001 година, а тие не беа ниту нивни ниту наши синови-тие беа синови на Македонија кои застанаа цврсто на бедемот за одбрана на татковината – рече Поцева.

Од собирот Паланчани по седми пат порачаа не за двојазичност, да за зачувување на уставот и државноста на Македонија.

– Македонија низ историјата имала бројни непријатели, но најмногу страдала од внатрешните непријатели, а така е и денес. Ни го сменија името во ФИРОМ, сега сакаат да ни го сменат знамето. Велат ќе влезат во Собранието, да, велам, но само ако народот кој стои пред нив го дозволи тоа – порача Поцева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top