| четврток, 6 декември 2018 |

Вуди Ален ќе снима филм за грчката криза

vudi alen

Насловот на филмот е „Годините на меморандумот“ и се однесува на времето на најголема економска криза во Грција.

Вуди Ален наскоро ќе почне да снима филм со Бред Пит и со Пенелопе Круз во главните улоги, чие дејство, освен во Атина, ќе се одвива и на најубавите грчки острови – Закинтос и Санторини.

За тешкиот период за нацијата, која на своите раменици го понесе најтешкиот дел од кризата, која во голема мера е последица на децениите „недомаќинско однесување“ на политичките структури, раскажува еден млад Американец (Бред Пит), кој во Атина на таа тема пишува роман, но тука и се вљубува во една Гркинка (која ја игра Пенелопе Круз).

Надвор од филмското сценарио, ситуацијата во Грција како да е за нијанса подобра бидејќи во својот последен извештај Европската комисија соопшти дека Атина е на добар пат да го исполни планираното намалување на буџетскиот дефицит оваа и следната година, пишува „Политика“. Истражувањата покажуваат дека Грција „по реалната можност да биде принудена да ја напушти еврозоната, сепак, се врати на патот на структурните реформи и ги презеде неопходните мерки за фискална консолидација“.

Во исто време, во извештајот се истакнува дека за реалното постигнување на намалувањето на буџетскиот дефицит, сепак, е неопходно дополнително намалување на трошоците и по секоја цена заштеда од осум милијарди евра во текот на следните две години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top