| четврток, 6 декември 2018 |

Притвор за сопругот на убиената битолчанка, истрагата е во тек

Oсновното јавно обвинителство во Битола достави предлог за притвор против едно лице за сторено кривично дело убиство.

Според битолското ОЈО, предлогот е доставен поради постоење основано сомнение дека поради претходно нарушените меѓусебни односи, осомничениот вчера во дневната соба од заедничкиот дом во семејно насилство ја убил својата сопруга Е.М.Д. од Битола.

Осомничениот со повеќе удари со тапо-тврди средства (дрвени сукала) ја удирал по главата нанесувајќи ѝ повеќе повреди, од што настапила смрт.

Постапката по наведената кривична пријава е во тек, информираат од обвинителството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top