Иако неодамна ја раскина врската со познатиот рапер Дрејк, изгледа дека на атрактивната пејачка Џенифер Лопез и’ се смешка нова љубов, па и брак.
Имено, новото момче на пејачката е безбол-играчот Алекс Родригез, кој на времето беше во љубвна врска со Мадона. Сакајќи да ја држат љубовта далеку од очите на јавноста, Џенифер и Алекс тајно отпатувале на Бахамите, каде што уживаат во приватно одморалиште.
-Моментално уживам во животот и среќна сум- кратко искоментира Џенифер.
Сепак, пејачката објави фотографија од одморот, со која успеа да ја заинтригира јавноста.
Џенифер позира за време на пикник, а на сите им го привлече вниманието огромниот дијамантски прстен на прстот резервиран за свршенички. Меѓутоа, сите не веруваат дека врската на пејачката е вистинита.
-Таа врска е лажна, исто како што беше и врската со Дрејк. Таа е кралица на исценираните врски- наводно изјавил нејзин поранешен вработен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.