| четврток, 6 декември 2018 |

МНР со осуда за запалливата реторика на официјални лица од Албанија

Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги осудува јавните настапи со навредлива и запаллива реторика на официјални лица на Република Албанија кои се однесуваат на Република Македонија, се вели во реакцијата на македонското МНР на изјавата на пратеничката во албанскиот Парламент Месила Дода.

– Неодговорните изјави на јавни личности кои по својата функција налагаат и подразбираат одговорност за јавно искажаниот став не се во духот на добрососедските односи и декларираните заложби за пријателство и соработка меѓу двете земји и особено не во духот на европските вредности, се вели во реакцијата на МНР.

Со сето разбирање дека изјавите се индивидуален став и чин на поединци, велат од оттаму, очекуваме официалните лица во соседството да се воздржат од потпалување на тензии во регионот.

– Далеку покоректно би било доколку нивната енергија би ја насочиле кон конструктиувни предлози и иницијативи со што би ја зајакнале соработката и довербата меѓу двете земји, би го подобриле стандардот на граѓаните, но и би ја забрзале европската интеграција, се истакнува во реакцијата.

Остануваме уверени, се додава во неа, дека пратеничката функција подразбира голема чест, но и највисока одговорност.  

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top