| четврток, 6 декември 2018 |

Сите што ќе ги исплукаат Кире Лазаров, Калиопи, Симон Трпчески, Ванчо Петрушевски, се плукаат себеси

стојан

Често како пејач се наоѓам во ситуација да ја пеам химната. Многу пати чисто формално зашто има некој настан што треба да се одбележи. Кога ја пеам химната на овие протести, чувството e посебно, изјави во Отвореното студио на телевизија „Нова“ оперскиот пејач Цветан Стојановски.

-Тогаш треперите заедно со масата и кога ќе ја видите цела таа маса што пее со вас, тогаш ќе сфатите дека во Македонија се случи обединувачкиот фактор – вели Стојановски.

Стојановски вели дека сите тие што сметаат дека ќе го повредат како личност ако го исплукаат, што ги плукаат Кире Лазаров, Калиопи, Симон Трпчески, Ванчо Петрушевски, всушност се плукаат себеси.

-Основата на тоа е повреда на вредностите, тоа што нам најмногу ни недостига. И растурањето на тој модел на трајни вредности и воопшто вредностите, практично, е основната доктрина што се случува – вели Стојановски.

– Јас секогаш ќе бидам многу учтив и толерантен и ќе им укажувам дека немаат друго, дека и ним татковина им е Македонија, дека и ним патот им е тука. Нивните деца тука треба да се одгледуваат. И колку што ќе имаме подобри стандарди за живеење, толку е подобро за сите – додаде Стојановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top