Маријан Стојановски, кој веќе подолг временски период апстинира на музички план, најавува голем камбек на музичката сцена. Пејачот кој пред десетина година ги испеа хитовите “Ненаситен”, “Роденден”, “Подарок”, “Овој ритам е јак”… вели дека македонската јавност наскоро ќе чуе нешто ново и поразлично од него, а, исто така, планира да сними и неколку спота кои ќе бидат субвенционирани од страна на Министерството за култура.
-Порано имаше многу работа и пари, сега нема и затоа се повлеков. Не ме интересираше естрадата, сакав да ја оставам музиката, но таа не сака да ме остави мене, па затоа решив да се вратам и да направам нешто ново и квалитетно. Во моментов работам на неколку пилот песни, ќе снимам и спотови, па ќе ме има почесто”, откри Маријан кој е во редовен работен однос во Македонската опера и балет.
Настрана од професионалните ангажмани, слободното време кое го има го користи за да се дружи со пријателите, а секој втор викенд е во родното Крушево каде ужива во времето поминато со семејството и роднините.
-Цело време сум излезен, шетам, спортувам, се дружам со пријатели. Девојка немам затоа што сакам да сум соло и да уживам- додаде Стојановски.
И покрај тоа што неколкупати медиумите го женеа пејачот вели дека досега нема запросено ниту една девојка и ги демантира ваквите пишувања.
-До сега 4 пати ме женеа, а јас никогаш не сум бил верен, ниту, пак, сум запросил некоја девојка. И да дојде ред да го направам тоа, сигурно нема јавно да клекнам на колена пред некоја и да ја барам за жена- заврши Маријан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.