-Не можам да ги разберам луѓето коишто се спремни, односно веќе ја распродаваат својата татковина, којашто ни е единствена- изјави во отвореното студио на ТВ Нова актерот Ванчо Петрушевски.
-Јас во името на таа татковина којашто е една и единствена, излегов и застанав на бедемот на одбрана на таа татковина. Меѓутоа, наидов на многу напади. Многу колеги го искористија тоа на некој начин да ме омаловажат, да ме нападнат, да ме навредат, за да се повлечам- рече Петрушевски.
Петрушевски тие колеги ги посочи како соросоиди коишто сакаат да ја распродадат и растурат татковината.
-Јас гордо застанав во одбрана на она што се вели единствена Македонија, на Уставот којшто е и тоа како важен за опстојувањето на оваа држава. Ние немаме резервна татковина. А немаат резервна татковина ни тие што не ја сакаат Македонија. Тие не знам каде би оделе, каде би живееле?- вели Петрушевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.