Битолчанец во семејниот дом ја нашол својата сопруга облеана во крв. Случајот во полиција е пријавен денеска пред 10 часот, при што И.Д. рекол дека неговата 47-годишна сопруга ја нашол на под облеана во крв во горниот дел на телото.
Полицијата при увидот го утврдила истото, а лекар од брза помош констатирал смрт. Според неофицијалните информации, полицијата засега се сомнева дека се работи за убиство, но велат дека треба да се почека и да се види што ќе покаже истрага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.