Краткометражниот филм „Последните камбани“, работен по сценарио и во режија на Николче Поповски, а со Мето Јовановски во главната улога, премиерно беше прикажан на 9-ти март со почеток во 20 часот во Кинотеката на Македонија.
Филмот кој говори за осаменоста и соочувањето со неа, ја носи приказната за старец (Јовановски), кој преку камбаната комуницира со неговиот пријател од соседното село.
Филмот се снимаше минатиот септември во селата Љубојно и Брајчино. Куриозитет на „Последните камбани“ е што во него воопшто нема говор, а убавините на двете села играат важна улога и тие како да се дел од карактерите.
Директор на фотографија е Фејми Даут, продуцент е Гоце Кралевски, а филмот е во продукција на „ДНФ филмс“.
Актерската екипа на филмот ја сочинуваат и Сања Николовска и Виктор Најдовски. Сценографијата е на Никола Анѓелковски, музиката на Дарко Спасовски – Пацки и на Горан Кан, шминката е на Наталија Кајевска, а костимите ги направи Ирена Боневска.
„Последните камбани“ е поддржан од агенцијата за филм на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура