
Јакимовски излезе под добропознатото мото од локалните избори „Храбро за Македонија“. Вели во ГРОМ граѓаните се најзвучното име. Верува дека ГРОМ ќе си го најде своето име под македонското политичко небо. Верува дека ГРОМ ќе се пробие уште во текот на првоте девет месеци кога почнува кампањата за претседателските извори, а не се исклучени ниту предвремени парламентарни избори.

-Ме прашуваат кое звучно име ќе дојде со вас? Има ли позвучно име од граѓаните? Немаме намера никого да одржуваме на власт, ниту пак сакаме некого да донесеме на власт. ГРОМ не се формира да биде опозиција, туку да биде власт. Имаме 100 дена да собереме потписи, да направиме основачко собрание, да ги избереме телата на партијата и активно да учествуваме во политичкиот живот во Република Македонија- рече Јакимовски.

Фото: Ѓорги Личовски (Република)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


