| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија во Сребреник: Мелиха за пет месеци останала без двете деца

tragedija-srebrenik

Трагичен настан се случил во средата наутро во Сребреник, Босна и Херцеговина околу 9 часот кога во пожар кој избил на првиот спрат на една куќа починала 85 годишната Ифета О. и нејзиниот две годишен правнук Р.Р.

Како што изјавиле соседите на смејеството, прво се запалил троседот во дневната соба, по што пожарот се проширил. Пожарникарите прво го нашле безживотното тело на старицата која имала изгореници на лицето, а како што велат, најверојатно починала од гушење. Потоа во куќата било пронајдено и детето кое веднаш било пренесено во болница каде починало и покрај обидите на докторите да го реанимираат.

Како што босанските медиуми дознале од мештаните на местото, со настраданите живеела и Мелиха Суљиќ. Се работи за семејство кое претходно живеело во истото место во трошна куќа и во многу тешки услови. Пред неколу месеци се преселиле во едниот спрат на оваа куќа, која била изградена за потребите на раселените лица.

Мелиха, мајка на детето и внука на починатата, била излезена кога се случил пожарот, а оваа трагедија биле втора за неа во краток временски период откако во ноември минатата година на спиење и починало бебе старо само неколку месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top