| четврток, 6 декември 2018 |

Уште една контроверзија со смртта на Џорџ Мајкл

43-годишниот Фадил Фауаз, кој се уште е во жалост, не ја крие тагата. Партнерот на Џорџ Мајкл признава пред „Сан” дека ништо не знае за погребот на поранешниот пријател.

Причина е семејството на пејачот што го организира погребот и „молчи” по тој повод. Инаку, токму Фадил го пронајде телото на 53-годишниот пејач на 25 декември во неговиот стан во Оксфордшир.

– Погребот? Не можам да ви одговорам, се чуваат во тајност, открива тој пред медиумите.

– Не можам да ви кажам. Одамна требаше да се случи. Долго време одолговлекуваат. Бев целосно збунет. Но, навистина ништо не знам во однос на погребот. Верувај ми. Навистина е чудно, додаде поранешниот партнер на Џорџ Мајкл.

По смртта на Џорџ Мајкл, Фадил Фауаз првично беше осомничен за смртта на пејачот, но по излегувањето на резултатите од аутопсијата, разбиени се сите сомневања против партнерот на ѕвездата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top