| четврток, 6 декември 2018 |

Ријана е виновна за срамниот пораз на ПСЖ

Ѕвездите на ПСЖ Матуиди, Верати и голманот Трап „лудувале” до раните утрински часови со Ријана само 48-часа пред натпреварот со Барселона.

Според француските медиуми поразот во Лигата на шампионите се должи на ноќното уживање на фудбалерите само два дена пред нивниот засрамувачки пораз со 6:1 од тимот на Барселона.

Според медиумите тројцата фудбалери во понеделникот вечерта биле во приватен ноќен клуб во Париз каде што биле во придружба на поп ѕвездата Ријана, а настанот бил во организација на спортскиот бренд Пума, забавата која се случила само на 48 часа пред мечот со Барселона траела до раните утрински часови.

Медиумите тврдат и дека Ријана му фрлила око на голманот на ПСЖ Трап.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top