| четврток, 6 декември 2018 |

Верати ќе поднесе тужба против „Лекип“

marko-verati

Менаџерот на италијанскиот репрезентативец Марко Верати, Донато ди Кампли откри дека е започнат судски процес против францускиот весник „Лекип“

Весникот со најголем тираж меѓу дневните спортски весници во Франција напиша дека Верати и Матуиди се забавувале во еден париски клуб само ден пред тимот на ПСЖ да замине за Барселона за реванш натпреварот во Лигата на Шампионите.

– Напишаното од „Лекип“ е апсолутно неточно. Ќе однесеме тужба против весникот и нема да дозволиме никому да го дискредитира имиџот на Марко – рече неговиот менаџер.

Клубот категорично негираше, а неговиот менаџер откри дека тужбата е спремна и прашање на време е кога двете страни ќе се видат на суд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top