Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ вечерва во Велес го организираше десеттиот мирен протест, кој почна пред споменикот на Панко Брашнаров во Новиот дел на Велес, продолжи низ главната велешка улица се до центарот на Велес.
Учесниците вечерва ги повторија своите барања и мирно и достоинствено ја искажаа својата решеност да истраат во напорите за зачувување на унитарноста на Македонија, во одбрана на Уставот, името на државата, јазикот, грбот и знамето.
Од името на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ вечерва се обратија двајца просветни работници, кои потенцираа дека стојат цврсто на браникот на татковината во одбрана на клучните вредности на државата и дека официјален јазик во земјата е само македонскиот јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.