| четврток, 6 декември 2018 |

Видео: Опeрацијата „Ликвидација“ откри арсенал оружје

Министерството за внатрешни работи, во рамките на полициската акција „Ликвидација“, врз основа на издадена наредба од истражен судија од Основен суд Скопје I-Скопје изврши претрес во дом и други простории во Велес и Скопје, при што во просторија во поткровјето на куќа во Велес, сопственост на пријавениот И.Е.(51), пронајдени се: еден пиштол „Р.08“со рамка за куршуми,  триесет куршуми 7,9мм, пет куршуми 9мм-кратко полнење, еден куршум 7,62мм, еден куршум 7,65мм, пригушувач „silenger“ 9мм, пригушувач голем и десет пакувања експлозив ПЕП-500.

Сопственикот на куќата, во разговор со полициските службеници, посочил дека поткровјето го користи неговиот брат М.Е.(52) и дека пронајденото оружје не е во негова сопственост.

По добивањето на информацијата извршен е претрес и во домот каде живее братот на пријавениот при што е пронајдена поголема количина на оружје и муниција и тоа: една автоматска пушка марка Томсон, еден  пиштол марка „црвена застава“ со рамка, вкупно 265 куршуми 9мм, 257 куршуми 7,65мм, вкупно 148 куршуми 7,9мм, 865 куршуми 7,62мм (спакувани во 13 кутии), две пакувања со по 25 куршуми 357мм, 81 куршум 7,62мм, 42 куршуми 7,62мм-маневарски, 203 куршуми 45мм, 2 (два) куршуми 7,65мм-ппу62, две рамки за шкорпион, две рамки за снајперска пушка, четири рамки за пиштол 7,65мм-ппу62, две димни бомби марка КОДШ-М3Ф, четири пакувања „топовски удар“ со ознока М81 и две пакувања шок бомби марка РФ13 (односно околу 1950 куршуми различен калибар при двата претреса).

Врз основа на прибавените докази до ОЈО Скопје поднесена е и кривична пријава против М.Е. поради основи на сомневање дека сторил кривично дело – „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ предвидено и казниво по чл.396  став 2 од Кривичниот законик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top