| четврток, 6 декември 2018 |

Недоветна одбрана на неодбранливото: Кој си игра со огнот што го распали ЕУ?

Со­о­че­ни со проб­ле­мот на­ре­чен „да­ден зад­ник под ки­ри­ја“ со­ци­јал­де­мо­крат­ски­те че­да и нив­ни­те искомп­ле­кси­ра­ни стра­те­зи вле­гоа во се­ри­ја ди­гре­сии и го пра­веа тоа што нај­до­бро го уме­ат. Ома­ло­ва­жу­ваа, ла­жеа, из­вр­ту­ваа, де­вал­ви­раа, ди­гаа тен­зии, се­чеа и ле­пеа, кро­е­ја и го­твеа, изоб­ли­чу­ваа и ва­деа од кон­текст. При­тис­на­ти од те­жи­на­та на по­и­мот на­род на ули­ца (на­стра­на, мно­гу, прем­но­гу убав на­род на ули­ца) са­мо­бен­ди­са­ни­те „мај­сто­ри“ на илу­зи­ја­та ги упо­тре­би­ја си­те свои ре­сур­си и бол­на фан­та­зи­ја за да го за­се­нат и зат­скри­јат бу­де­ње­то, ама по­пу­сто. Сме­тки­те им ги по­ма­ти ед­на гор­да пле­ја­да нај­доб­лес­ни и врв­ни ма­ке­дон­ски ин­те­ле­кту­ал­ци, акте­ри, опер­ски пе­ја­чи, му­зи­ча­ри, врв­ни спор­ти­сти, пе­ја­чи, ре­жи­се­ри, уни­вер­зи­тет­ски про­фе­со­ри, пи­са­те­ли и кој уште не. Се­то тоа за­чи­не­то со сто­ти­ци ил­ја­ди убав, спо­ко­ен и раз­бу­ден на­род...

Не­свес­ни за ра­ѓа­ње­то на не­што но­во и пре­крас­но во Ма­ке­до­ни­ја, бри­сел­ски­те би­ро­кра­ти без срам и пер­де си про­дол­жи­ја со пред­ви­де­ни­те пла­но­ви. Ба­рем да беа нив­ни, или но­ви, не­ли… Инерт­ни­те и са­мо­бен­ди­са­ни апа­рат­чи­ци, из­вр­ши­те­ли на ед­на аген­да од ко­ја не за­стра­ну­ва­ат ни­ту по про­ме­на­та на це­ли­от тој пре­ку­о­ке­ан­ски естаб­лиш­мент што им ја на­мет­на, без тро­шка чув­ство за на­ста­на­ти­те ге­о­по­ли­тич­ки про­ме­ни, про­дол­жи­ја по пред­ви­де­ни­от курс. Ка­ко слеп за стап. За­тоа што, и не зна­ат по­и­на­ку. Ве по­тсе­ту­ва ли ова дејс­тву­ва­ње на не­кој до­ма во, за не­го, не тол­ку ми­ла­та му Ма­ке­до­ни­ја? Да, на еден лик што тол­ку зап­нал да ја пре­и­ме­ну­ва, пре­стру­кту­ри­ра и обез­ли­чи. Си­те слич­но­сти се слу­чај­ни, ка­ко и се­кое сце­на­рио, не­ли…

 

Во Македонија „патот кон пеколот, сепак, е поплочен со лоши намери”

И та­ка, „слу­чај­но“ тол­ку до­бро син­хро­ни­зи­ра­ни, би­ро­кра­ти­те го пре­ви­доа бу­де­ње­то на на­ци­ја­та и за­ста­наа во од­бра­на на не­од­бран­ли­во­то. Иден­тич­но ка­ко и нив­ни­те про­па­га­то­ри во Ма­ке­до­ни­ја, тие од ро­дот Ма­ке­дон­чи­ња. Та­ка, исти­от ден ко­га Мо­ге­ри­ни без­о­браз­но рам­но­душ­но ни по­ра­чу­ва­ше да не сме си игра­ле со оган, а Кун­дерс уште по­бе­зо­браз­но изра­зу­ва­ше за­гри­же­ност и не­ка­ква по­тре­ба од по­чи­ту­ва­ње на пла­тфор­ми­стич­ко­то пар­ла­мен­тар­но мно­зинс­тво, ли­де­рот на СДСМ и стру­мич­ки кум на ти­ран­ска­та пла­тфор­ма во Скоп­је ужи­ва­ше во бед­ни­те оста­то­ци на ча­до­ро­ва­та сен­ка. Да, За­ев на ед­но ме­сто ги со­бра Га­рет, Алт­ха­у­зер, Сте­фан­сон и Пломп. Уба­ви­ни. Га­ран­ти­ра­но, си по­ми­на­ле су­пер, про­стум и со пог­лед си се раз­бра­ле, ужи­ва­ле и, нај­ве­ро­јат­но, „до мо­кре­ње“ се из­нас­ме­а­ле со ви­це­ви­те за си­те тие Ма­ке­дон­ци на ули­ца, кои ба­ра­ат „пре­ку леб по­га­ча“ и не­ка­ква за­шти­та на иден­ти­те­тот, др­жа­ва­та, уни­тар­но­ста, зна­ме­то, име­то, ја­зи­кот, хим­на­та. И што уште не. Не­ра­ни­мај­ков­ци не­раз­бра­ни.

Си се из­на­ка­жа­ле уба­во, а во уште „по­у­ба­во­то“ друш­тво, си­гур­но, им не­до­сти­гал Бе­ле­ли, ко­го за За­е­ва не­сре­ќа го за­ме­ни Ро­мео. Тој од ри­дот, пак, со­о­чен со истра­га од Ва­шин­гтон, му­дро си мол­че­ше и изи­гру­ва­ше си­ва еми­нен­ци­ја, т.е. са­мо ко­ор­ди­ни­ра­ше за­тоа што по си­те сто­ре­ни бе­ли, не сме­е­ше да се по­ја­ви во јав­ност. Нај­мал­ку со За­ев. Ако не ве­ру­ва­те, пра­шај­те ги се­дум­те кон­грес­ме­ни. И по не­кој се­на­тор, инс­пе­ктор, ме­ди­ум. аме­ри­кан­ски, се раз­би­ра.

Ар­но ама, бри­сел­ски­те би­ро­кра­ти, кои со си­лен елан ја пре­зе­доа Џе­со­ва­та смек­на­та пал­ка (гр­да­та ста­ти­сти­ка ве­ли де­ка 30-40 про­цен­ти од евро­пар­ла­мен­тар­ци­те се на плат­ни­от спи­сок на Со­рос) вне­се­ни во сопс­тве­ни­от филм за­бо­ра­ви­ја на но­ва­та ма­ке­дон­ска ре­ал­ност. Че­да­та европ­ски го изу­ми­ја кон­тра­е­фе­ктот од нив­ни­те здо­дев­ни, не­ин­вен­тив­ни и не­дос­лед­ни из­ја­ви, кои се­га са­мо го рас­па­лу­ва­ат на­со­бра­ни­от гнев кај го­лем дел од осве­сте­на­та на­ци­ја­та. На­стра­на, се­кој ден се сѐ по­ве­ќе и по­ве­ќе, во са­мо ед­на ве­чер со број­ка по­го­ле­ма од вкуп­на­та број­ка на не­кол­ку­ме­сеч­на­та ша­ре­на ква­зи­е­во­лу­ци­ја. Исти­те тие би­ро­кра­ти, кои по­ве­ќе од два ме­се­ца ни збор не изу­сти­ја за ал­бан­ска­та пла­тфор­ма, кои јас­но и со ни­ет мол­чеа за фла­грант­но­то кр­ше­ње на су­ве­ре­ни­те­тот на ед­на европ­ска зем­ја, се­га ни „по­пу­ва­ат“ и ни „три­јат сол на гла­ва“ за не­ка­кви прин­ци­пи, пра­ви­ла и де­мо­кра­ти­ја. Не­ба­ре, тоа не го пра­ват це­ла­та сво­ја и на­ша исто­ри­ја, но што е мно­гу, мно­гу е. Ја зна­е­те, не­ли, ста­ра­та фра­за де­ка „па­тот кон пе­ко­лот е поп­ло­чен со до­бри на­ме­ри“? Во на­ши­от слу­чај, пак, не се ни до­бри…

 

Коинциденција: Молкот на ЕУ за платформата, пресликан кај СДСМ за содржината на договореното

И та­ка до­де­ка Мо­ге­ри­ни ба­ра­ше да не си игра­ме со ог­нот, но не по­зи­ти­вен ка­ко откри­тие, ту­ку по­ги­бен ка­ко по­жар, исти­от тој до­не­сен пред не­кол­ку ме­се­ци од ча­до­ро­ви­от Про­ме­теј, кој ме­сто Ог­нен во пос­ле­ден мо­мент го кр­сти­ле Зо­ран, Ита­ли­јан­ка­та ка­ко да за­бо­ра­ви де­ка тие ја имаа мо­ќта да го из­гас­нат уште пред да „прк­не“, до­де­ка си бе­ше са­мо искра. До­де­ка бе­ше во за­че­ток, вре­ме ко­га са­мо тре­ба­ше да ја осу­дат таа не­бу­лоз­на, не­де­мо­крат­ска и тол­ку не­по­треб­на пла­тфор­ма… Еден збор да ка­жеа, ед­но „не“, за­ед­но со глав­ни­от ча­дор­џи­ја, ба­рем… А тие, де­мек слу­чај­но, доз­во­ли­ја тоа бе­ниг­но, им­по­тент­но искри­че да до­бие ка­па­ци­тет на сти­хи­ја.

Исто­вре­ме­но, по­ве­де­ни од сво­и­те идо­ли од ЕУ и од НАТО, нив­ни­те ма­ке­дон­ски ми­ле­ни­чи­ња про­дол­жу­ваа да ја ма­вта­ат јав­но­ста кри­еј­ќи го до­го­во­ре­но­то за пла­тфор­ма­та ка­ко зми­ја но­зе­те. По­ра­ди истак­на­та­та сра­меж­ли­вост на те­ма­та, се­пак, по­ве­ќе и по­о­пис­но им од­го­ва­ра фра­за­та „ка­ко жен­ски по­лов ор­ган под ко­шу­ла“, за­тоа што, на­стра­на, мно­гу се чув­стви­тел­ни, не са­мо на те­ма­та, ту­ку и во при­ват­ни­от жи­вот. До­ка­жа­но. По­ра­ди таа „чув­стви­тел­ност“ се во­зат во „ау­ди“ од 60-80.000 евра, три­па­ти по­ска­пи јах­ти, ста­но­ви, ха­ци­ен­ди. А по­ра­ди сра­меж­ли­во­ста, про­зор­ци­те им се сил­но за­тем­не­ти. На­па­те­ни ду­шич­ки, кои по­крај се­та сво­ја ма­ка и по­ли­тич­ко-тен­дер­ско-ки­ра­џи­ска гол­го­та мо­ра­ат да глу­мат де­ка им е гри­жа за си­ро­ма­шти­ја­та и за „сред­на­та“ кла­са, за ко­ја од­вре­ме-на­вре­ме ги „за­бо­ли“ сред­ни­от прст. Фер, не­ли…

analiza236-3

Класика на СДСМ: Со лаги и со девалвација во одбрана на „продадениот задник”

Со­о­че­ни со проб­ле­мот на­ре­чен „да­ден зад­ник под ки­ри­ја“ со­ци­јал­де­мо­крат­ски­те че­да и нив­ни­те искомп­ле­кси­ра­ни стра­те­зи и ду­зи­на по­брат­ми и по­се­стри­ми ин­фи­ци­ра­ни од ели­ти­стич­ки­от комп­лекс на „ви­ша“ вред­ност, си­мул­та­но и ор­но под­др­жа­ни од сво­и­те иде­о­ло­шки ко­пии и на­ви­ва­чи во ДУИ, вле­гоа во се­ри­ја ди­гре­сии и го пра­веа тоа што нај­до­бро го уме­ат. Ома­ло­ва­жу­ваа, ла­жеа, из­вр­ту­ваа, де­вал­ви­раа, ди­гаа тен­зии, се­чеа и ле­пеа, кро­е­ја и го­твеа, изоб­ли­чу­ваа и ва­деа од кон­текст. При­тис­на­ти од те­жи­на­та (и те­лес­на и пси­хич­ка) на по­и­мот на­род на ули­ца (на­стра­на, мно­гу, прем­но­гу на­род на ули­ца) са­мо­бен­ди­са­ни­те „мај­сто­ри“ на илу­зи­ја­та ги упо­тре­би­ја си­те свои ре­сур­си и бол­на фан­та­зи­ја за да го за­се­нат, зат­скри­јат и згас­нат бу­де­ње­то, ама по­пу­сто.

За нив­на жал, сме­тки­те им ги по­ма­ти ед­на гор­да пле­ја­да нај­доб­лес­ни и врв­ни ма­ке­дон­ски ин­те­ле­кту­ал­ци, акте­ри, опер­ски пе­ја­чи, врв­ни спор­ти­сти, пе­ја­чи, ре­жи­се­ри, уни­вер­зи­тет­ски про­фе­со­ри, пи­са­те­ли и кој уште не. Се­то тоа за­чи­не­то со сто­ти­ци ил­ја­ди убав, спо­ко­ен и раз­бу­ден на­род. Си­те на­ве­де­ни, имаа ед­на го­ле­ма ма­на, ба­рем спо­ред со­ци­јал­до­мо­крат­ски­те не­до­вет­ни­ци. Би­ле па­три­о­ти и си ја са­ка­ле др­жа­ва­та. Сра­мо­та. За­мис­ле­те, си го са­ка­ле ја­зи­кот, хим­на­та, зна­ме­то, гр­бот и си ги по­чи­ту­ва­ле сопс­тве­ни­от на­род и иден­ти­тет. Не­ве­ро­јат­на сра­мо­та. Овие сто­ти­ци ил­ја­ди гра­ѓа­ни, да ти са­ка­ле да про­дол­жат да жи­ве­ат на оваа поч­ва, да не ти са­ка­ле да се исе­лат во странс­тво и да ста­нат не­чии из­ме­ќа­ри, да си ја са­ка­ле Ма­ке­до­ни­ја, ама та­ква ка­ква што е. Исти­те тие Ма­ке­дон­ци, Тур­ци, Ро­ми, Ср­би, Вла­си и Бош­ња­ци да не ти са­ка­ле да при­фа­тат не­ка­ква пла­тфор­ма, со­ста­ве­на во Ти­ра­на и на­мет­на­та во Скоп­је, ту­ку да ти са­ка­ле да жи­ве­ат во ед­на, за­ед­нич­ка Ма­ке­до­ни­ја. Гр­до­ти­ја од жел­би, ви­стин­ски ба­уч и уп­лав за ју­риш­ни­ци­те од „Па­вел Ша­тев“, кои при­фа­ти­ја сѐ што овие дру­ги­те на ули­ца не го са­ка­ат. Гре­о­та.

Та­ка, че­да­та воз­љу­бе­ни во Со­ро­со­во­то аз­но и во не­го­ва­та без­р­бет­нич­ка иде­о­ло­ги­ја на па­те­тич­на уни­фи­ка­ци­ја и не­по­сто­е­ње на на­ци­ја, исто­ри­ја и на иден­ти­тет, со си­лен, тра­о­рен вре­сок, својс­твен на си­те од ро­дот мр­шо­јад­ци, се впу­шти­ја во прес­ме­тка со сво­и­те не­и­сто­мис­ле­ни­ци, а ги има мно­гу, мно­гу по­ве­ќе од тие што се на иста, нај­ни­ска фре­квен­ци­ја со нив. Оче­ку­ва­но, иа­ко кол­ку и да сте под­го­твен –тие се­ко­гаш ус­пе­ва­ат да ве из­не­на­дат со на­со­бра­на­та зло­ба во се­бе, се из­нас­лу­шав­ме ома­ло­ва­жу­вач­ки ка­за­ни­ја за си­те осве­сте­ни че­да ма­ке­дон­ски, кои со­браа си­ла и за­ста­наа во од­бра­на на сво­јот иден­ти­тет и др­жа­ва. Пре­вен­тив­но и не­кро­фил­ски, кр­во­пиј­ци­те дем­неа и са­мо че­каа ка­ква и да е вест на јас­но иска­жан, ма­ке­дон­ски став. По во­ста­но­ве­на­та ше­ма, ми­ри­сот на став со ма­ке­дон­шти­на во се­бе ги алар­ми­ра­ше мр­шо­јад­ци­те што жел­ни за кр­вав пир над­ле­ту­ваа, пол­ни со по­рив да го истре­сат нај­гр­до­то и нај­бед­но од се­бе. За нај­а­на­ти­ма­ке­дон­ско, се по­драз­би­ра.

Из­ми­на­ти­те де­но­ви се из­нас­лу­шав­ме и се из­на­чи­тав­ме без­о­браз­лук, обре­ме­нет со уште по­ве­ќе не­пис­ме­ност, про­сто­ти­лак и омра­за. Ве­лат де­ка по бур­на ноќ во ка­фе­а­на, љу­би­те­ли­те на пре­ку­мер­на­та кап­ка ве­ќе де­се­ти­на де­на не ко­ри­сте­ле „два пр­ста“ в уста за да се олес­нат од пре­кон­су­ми­ра­но­то. Ед­но­став­но, си зе­ма­ле не­кој со­ци­јал­де­мо­крат­ски ста­тус, пе­чат, пу­шта­ле нив­на ТВ или пор­тал и си „блу­е­ле“, без проб­лем, ама ин­стант и екс­прес­но. Уште по­ло­шо, и мно­гу лу­ѓе што во жи­во­тот не ис­пи­ле по­ве­ќе од ед­на ча­шка, го до­би­ва­ле исти­от тој по­рив без до­пол­ни­те­лен сти­мул, здра­ви, пра­ви, трез­ве­ни. За­тоа што би­ле Ма­ке­дон­ци…

analiza236-Za-zaednicka-Makedonija-4-den-2

Дузина безуспешни обиди за фрлање дамка врз будењето

А што оче­ку­ва­те од ду­зи­на ин­ди­фе­рент­ни, сте­рил­ни ли­ко­ви, кои „ни­жа­та“ вред­ност од мла­до­ста, по нај­раз­лич­ни ос­но­ви ја ком­пен­зи­ра­ле со „ви­ша“, ком­би­ни­ра­на со оча­ен не­пре­гор за при­пад­ност кон ми­лу­ва­на­та ка­ста, ба­рем спо­ред па­ри­те. Че­да воз­љу­бе­ни во иде­ја­та да би­дат ина­кви, ин­те­ле­кту­ал­ци, бур­жуи, дел од вла­ста, ак­ма­ци што здра­во за го­то­во ја голт­на­ле при­ка­ска­та де­ка „дру­ги­те“ се тол­па про­сти, не­пис­ме­ни и не­ми­е­ни. Па си се чув­ству­ва­ат уба­во и су­пе­ри­ор­но при та­ква са­мо­за­мис­ле­на „сто­ка“. Или, ед­но­став­но, бе­ше на­род. Ама ре­ди­ца­та фи­љан лу­ѓе што со исти­от тој на­род из­ле­зе со под­др­шка за „За за­ед­нич­ка Ма­ке­до­ни­ја“ ги из­ме­сти и им ја уни­шти при­ка­ска­та. Ште­та. Го­ле­ма.

Овие им­по­тент­ни че­да, жел­ни за вни­ма­ние, по­сто­ја­но га­ле­ње и за наг­ла­су­ва­ње на „фа­ктот“ де­ка се нај­у­ба­ви, нај­ум­ни, нај­са­ка­ни, нај­по­тент­ни и не­за­мен­ли­ви и де­ка се глав­ни­те кон­су­мен­ти на по­вра­ќа­ни­ци­те на со­ро­со­ид­ни­те гу­руа. Да, исти­те тие што се­ко­ја го­ди­на са­мо ја ме­ну­ва­ат по­зи­ци­ја­та на на­гра­де­ни во кон­кур­си­те на МИМ, ЕУ, ко­рис­ни­ци на си­те стран­ски гран­то­ви и фон­до­ви, кои во ам­ба­са­ди­те вле­гу­ва­ат со „здра­во, пак јас…“ Ро­ти­ра­ат, пра­ват „ро­ка­ди“, ама ли­ко­ви­те ка­ко на рас­и­па­на пло­ча са­мо се вр­тат ли вр­тат. Чуд­на, не­му­зи­кал­на „на­пра­ви­ја“, ко­ја функ­ци­о­ни­ра и сви­ри две и пол де­це­нии…

Е се­га, исти­те тие нај­а­ву­ваа „кр­ва­ва са­бо­та“, во­е­на со­стој­ба и вој­ска на ули­ца од Ива­нов и ла­жеа за те­па­ни Ал­бан­ки по про­те­сти. Вљу­бе­ни­ци во ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца, кои со тол­ку пи­е­тет и пос­луш­ност се­кој нив­ни збор го пре­не­су­ва­ат со тре­пет и ра­дост, осо­бе­но сце­на­ри­ја­та за крах на др­жа­ва­та од ка­кви ли не грч­ки, гер­ман­ски и хо­ланд­ски пет­па­рач­ки ме­ди­у­ми. Из­вр­ши­те­ли­те на аген­да­та што се осом­ни­че­ни за вме­ша­ност во ди­вер­зи­ја со де­мо­ли­ра­ње на фа­са­да­та на Му­зе­јот на ал­бан­ска­та аз­бу­ка, исти­те тие сур­ту­ци, кои на­пра­ви­ја идол и хе­рој од еден не­це­ло­сен, искомп­ле­кси­ран, фру­стри­ран и лу­стри­ран про­фе­сор, кој исте­па де­ца што на не­го ата­ку­ваа вер­бал­но, со збо­ро­ви. На­стра­на, тој да ти бил „на­веж­бан“ од те­па­ње же­ни по до­ма и по пар­кин­зи. А, ре­ал­но, доб­лес­ни беа де­ца­та, кои не му вра­ти­ја на кло­ци­те и на шла­ка­ни­ци­те на екс­ми­ни­сте­рот за вна­треш­ни ра­бо­ти, кој по не­ра­зо­ткри­е­ни­от обид за атен­тат врз пре­тсе­да­тел, до­би на­гра­да и бе­ше наз­на­чен за шеф на МНР. Во то­гаш­на­та, чу­дес­на со­ци­јал­де­мо­крат­ска Ма­ке­до­ни­ја.

analiza236-4

Фоторобот на ликовите што паѓаат на „идеологијата” на СДСМ

За на­ша жал, одам­на жи­ве­е­ме во оп­штес­тво во кое овие па­ра­зи­ти, те­ме­леј­ќи го сво­јот ус­пех на упор­но­ста и на из­вр­ши­тел­но­ста на за­да­де­ни­те за­да­чи (не­за­вис­но од на­ра­ча­те­лот) со­вр­ше­но до­бро ег­зи­сти­ра­ат и мно­гу­крат­но, ви­ру­со­ид­но плод­но ги разм­но­жу­ва­ат на­ра­ча­ни­те идеи и ста­во­ви соз­да­вај­ќи од­лич­на поч­ва за сце­на­ри­ја­та што се спро­ве­ду­ва­ат пре­ку нив и нив­на­та деј­ност.

За прос­пе­ри­ра­ње и ид­ни­на во ре­до­ви­те на овие кал­ку­лан­ти, про­фе­си­ја­та и на­ци­о­нал­но­ста не се ре­ша­вач­ки. Нај­до­бро е ако ги не­ма­те. Ако сте под­го­тве­ни да ги сме­ни­те, пак, уште по­до­бро. Ако сте евти­ни, нај­до­бро. За по­тсе­ту­ва­ње, ми­на­ти­от број да­дов­ме до­бра прог­но­за во ана­ли­за­та. По Те­у­та, оче­ку­вав­ме иста ре­ак­ци­ја од Нев­зат и од Изет. Вто­ри­от не нѐ раз­о­ча­ра. Иден­тич­но, ка­ко да „пре­пи­шал“ на час кај про­фе­со­рот Со­рос од со­пар­ти­ја­ка­та и срод­на ду­ша по сдсмов­шти­на, Ме­џи­ти из­ле­зе и ка­жа де­ка ВМРО-ДПМНЕ при­фа­ти­ле и по­ве­ќе од СДСМ?! Абе ај­де. Па, не­ли ДУИ во би­тка по ал­бан­ски гла­со­ви бе­ше? Ва­ка ли ќе ги освои, ка­жу­вај­ќи де­ка не при­фа­ти­ле по­ве­ќе ал­бан­шти­на од дес­ни­чар­ка­та ма­ке­дон­ска пар­ти­ја, па по­ра­ди нап­лив на до­бри­на и на фер игра се ре­ши­ле за СДСМ? На­стра­на, се зез­на со мо­мен­тот на на­уч­на­та фан­та­сти­ка во иска­зот. Па ва­ка, спо­ред Изет, ба­рем из­ле­гу­ва де­ка Зо­ран и Рад­ми­ла во се­бе има­ле мно­гу ма­ке­дон­шти­на?! А тие се одам­на опе­ри­ра­ни од оваа „бо­лест“. Упс, пак ста­ти­ва!

Се­ко­ја чест, Изет, ама при­ка­ска­та ти е шуп­ли­ва. Раз­би­ра­ме де­ка се­га ги „пер­еш“ са­ка­ни­те од СДСМ за при­фа­те­но­то, а тие при­фа­ти­ја мно­гу, го „при­ми­ја“ пла­тформ­ски бе­скрај­но. Сѐ по­ве­ќе се сог­ла­су­вам со Му­са Ља­ма­ла­ри, де­ка СДСМ не е ма­ке­дон­ска, ту­ку иде­о­ло­шка пар­ти­ја. Те­у­та и Изет се до­бар до­каз. Единс­тве­ни­от, ви­стин­ски проб­лем е што иде­о­ло­ги­ја­та им е по­ве­ќе од шуп­ли­ва и праз­на и се ви­ка „власт“. По­до­бро зву­чи, „аман да дој­де­ме на власт, аман ве­ќе!“ И та­ка, тие на­пра­ви­ја сѐ и да­доа сѐ, иа­ко не е нив­но, са­мо за да ја ис­пол­нат сво­ја­та „иде­о­ло­ги­ја“. На­град­но­то пра­ша­ње би би­ло, кој би „пад­нал“ на ва­ква шуп­ли­ва, не­до­дел­ка­на иде­о­ло­ги­ја? Фо­то­ро­бо­тот е во гор­ни­те ре­до­ви…

Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 236. број на неделникот „Република“, 10.3.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top