Унаи Емери на крајот од минатата сезона Шпанија ја замени со Франција. Дојде од Севилја во ПСЖ со единствена цел тимот да го донесе до титулата на европската клупска сцена. Но, тоа остана повторно само сон.
На шпанскиот тренер со ПСЖ не му оди ниту во француското првенство, па зад водечкиот Монако заостанува три бода на десет кола пред крајот. Неизвесно е дали ќе ја одбрани титулата во Франција, поради што се погласни се шпекулациите дека Емери ќе добие отказ.
Како негов наследник на клупата, и по елиминацијата во Лигата на шампионите, се погласно се спомнува Фабио Капело кој последен ангажман имаше на клупата на репрезентацијата на Русија.
Потенцијални кандидати, дел од медиумите, ги спомнуваат и Роберто Манчини кој изминатото лето доби отказ во Интер, но и Луј Ван Гал чиј последен ангажман беше Манчестер јунајтед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.