На територијата на Европа дејствуваат најмалку 5.000 организирани криминални групи, се наведува во најновиот извештај на Европската полициска служба (Европол).
Во извештајот се потенцира дека посебно загрижувачки е тоа што овие криминални групи се повеќе се занимаваат со криумчарење на луѓе, шверц и породажба на дрога и кибер напади врз компании.
Европол посочува дека во текот на минатата година се идентификувани нови 17.500 лица осомничени за прекуранично криумчарење на луѓе, пред се илегални мигранти, Тие се додадени на листата на криумчари изработена во 2014 година, на која се наоѓаат имињата на над 50.000 лица.
– Гледаме докази за пораст на кримучарењето на мигранти, бидејќи криминалците во таа сфера видеа можност за брза заработка на пари, изјави при презентацијата на извештајот директорот на Европол, Роб Вајнрајт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.