| четврток, 6 декември 2018 |

По ТВ „Нова“, СЈО упадна и во МПМ, „Сител“, „Канал 5“ и во „Нетпрес“

Освен ТВ „Нова“, СЈО упадна и во МПМ, која ги управува трите водечки дневни весници „Дневник“, „Вест“ и „Утрински весник“, во „Сител“, „Канал 5“, во новинската агенција „Нетпрес“.

Зад одлуката за притвор на бизнисменот Сеад Кочан, донесена од сопругата на сдсмовскиот министер Владо Димов, Гордана Димова,  не постојат правни образложенија, туку политичка мотивираност и тоа преку директна поврзаност со СДСМ.  Дополнително, Сеад Кочан е сопственик на медиум што не е под контрола на СДСМ и кој без страв и резерва го пренесува гласот на народот и ја информира јавноста.

Освен немањето правна основа, ова може слободно да се толкува како атака на СЈО против медиумите бидејќи, меѓу другото, Кочан е сопственик и на телевизијата „Нова“ преку што се сака да се изврши политичко влијание и порака на СДСМ преку СЈО до медиумите.

Ваквата одлука на Судот зад која стои политичка пристрасност на СЈО, која е видлива и е дел од поширок оркестриран напад што е насочен кон медиумите што не се под контрола на СДСМ.

Освен во ТВ „Нова“, СЈО упадна и во МПМ, која ги управува трите водечки дневни весници „Дневник“, „Вест“ и „Утрински весник“, во „Сител“, „Канал 5“, во новинската агенција „Нетпрес“.

Познавачите на состојбите ова го опишуваат како директен брутален притисок врз десетици медиуми што не се под контрола на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top