| четврток, 6 декември 2018 |

Eдно лице загина во пожар во Кочани

Едно лице го загуби животот во пожар што синоќа избил во објект на улицата „Охридска“ во Кочани, информира СВР – Штип. Станува збор за лимена барака лоцирана на оваа улица во кочанската населба Тикешински Лозја, а настраданиот таму престојувал привремено.

Пожарот во ламаринената барака е регистриран по 23.30 часот. Откако била повикана, екипа на Територијалната противпожарна единица од Кочани реагирала за мошне кратко време. При гаснењето, пожарникарите го пронашле јагленисаното тело.

Полицијата извршила увид на местото на настанот, но официјално не го соопштува идентитетот на настраданото лице. Ќе се врши обдукција, по што ќе се излезе со официјални информации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top