Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам побара од општина Охрид да го поништи решението за градба на хотел во туристичката населба „Лагадин“ на источниот брет на Охридско Езеро.
Во одлуката на инспекторатот се наведува дека таквата одлука е донесена откако спроведните контроли и инспекциски увиди во документацијата покажале повредување на неколку постапки за утврдување услови за градење, како и во постапката на издавање на одобрението за изградба на хотелскиот комплекс.
Во соопштението по повод последната одлука на Државниот инспекторат од Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“, се наведува дека е добиена неколкумесечната битка за поништување на одобрението за градба на спорниот хотелски комплекс, за кој се наведува дека во јавноста лажно бил претставуван како објект во сопственост на холандскиот туроператор „ТУИ“.
Одлуката на инспектратот доаѓа откако жители на Лагадин заедно со невладината „Охрид СОС“, покренаа серија активности, протести, па и онлајнпетиција против изградбата на објектот, со забелешки дека се наоѓа на растојание помало од 50 метри од езерото што, според нив, е противзаконски, тврдејќи дека истиот е со спорни димензии, особено висината, како и дека решението за иградба на хотелот било донесено незаконски, без согласност на министерствата за животна средина и за транспорт и врски.
Исто така тие тврдеа дека за изградбата на хотелот не била консултирана јавноста, ниту има направено стратешка оцена за влијанието на животната средина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се извадиле и ножеви: Две лица побарале снимки од хотелот, а кога сопственикот ги одбил го нападнале
-
Мртов маж пронајден во хотел кај Бит Пазар: Лежел на подот со траги од крв и метадон
-
Инцидент во скопски хотел: Пијан гостин се расправал заради сметка за кафе, обезбедувањето морало да интервенира
-
Од хотел украл 80 радијатори, два бојлери, шпорет, лонци, чајници, чаши