Американскиот претседател Доналд Трамп на Меѓународниот ден на жената, им посвети на припадничките на понежниот пол еден твит со честитка кој покрена широка дискусија на социјалните мрежи.
– Имам огромна почит кон жените во многуте улоги кои жените ги имаат и кои се неверојатно важни за структурата на нашето општество и економија.
Додека некои сосема нормално ја примиле оваа честитка, други пак бурно реагирале за тоа дека не сите жени се споменати во неговата порака. На ова се надоврзале критичарите кои го сметаат за шовинист и се навратиле на неговите навредливи коментари за жените.
За кратко по бурата негативни коментари, Трамп објавил уште еден Твит во кој „малку ја проширил целната група“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.