Усвојувањето на албанската платформа во Македонија води кон нејзина децентрализација по национален принцип, што би било многу опасно, вели за Данас.рс, Александар Попов директор на Центарот за регионализам во Србија.
– Србија и без своја волја е вмешана во овие проблеми, а во оваа фаза не треба да прави ништо. Но доколку албанската платформа со резулуцијата за геноцид над албанскиот народ биде усвоена во македонското Собрание, Србија мора да го преземе она што министерот за надворешни работи Дачиќ го најави, вели Попов.
Тој потсетува дека слични платформи се појавувале и порано, но до сега никоја не биле официјализирана.
– Да видиме дали ќе биде формирана таква Влада во која ќе има албански партии под таа платформа. Мислам дека Србија не би требало да реагриа, но ако таа платформа влезе во некоја парламентрна процедура, тогаш и ние стануваме засегнати, вели Попов.
– Мислам дека Србија може да го направи она што Дачиќ го спомена на почетокот на годинава, и наместо сегашните пријателски да ги врати односите назад и за Србија тоа да не биде Република Македонија, туку Поранешна Југословенска Република Македонија. Друг начин ние да одреагираме не е можен затоа што се друго би било мешање во работите на друга земја.
Тој додава дека Србија има и други мерки на расополагање доколку се усвои платформата како прекин на дипломатски односи, но тоа би водело во лош правец.
– Се надевам дека во Македонија има доволно памет за такво нешто да не се случи и дека имаат доволно сили тоа да го спречат. Проблемот е во тоа што тука недостасува сериозна реакција од ЕУ која е еден од виновниците за ове што сега се случува во Макеонија. Оваа платформа не се однесува само на нас и на државите јужно од нас туку и на Грција и Црна Гора затоа што претендира да го обедини албанското население под покровителство на Тирана, додал Попов.
Инаку, ова не е прв пат Србите да се изјаснат дека доколку албанската платформа се прифати, тие ќе реагираат соодветно кон Македонија што би значело целосно нарушување на добрососедските односи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.