| четврток, 6 декември 2018 |

Громогласни овации за Трпчевски во „Лисински“

Истакантиот македонски пијанист Симон Трпчевски настапи со Белградската филхармонија во загрепски „Лисински“.

На крајот не се знаеше кој е подобар – оркестарот, солистот или диригентот. Нивната соработка во салата „Лисински“ во рамките на Регионалниот циклус на Загрепската филхармонија резултираше со сосема уникатен концерт испратен со громогласни овации. Станува збор за гостувањето на Белградската филхармонија, Симон Трпчевски, македонскиот пијанист со меѓународна кариера и углед и литванскиот диригент Гинтарас Ринкависчус, кој исто така „шета“ по европскиот подиуми и сцени, пишуваат хрватските весници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top