| четврток, 6 декември 2018 |

Судскиот совет ќе расправа за оставката на судијката Михајлова

tatjana mihajlova

Судскиот совет на Република Македонија во денешното соопштение до медиумите потврди дека в.д. претседателката на скопскиот Кривичен суд Татјана Михајлова вчера поднела неотповиклива оставка и оти и во најкраток можен рок ќе закаже седница.
„Судијката Татјана Михајлова вчера со писмен поднесок го извести Судскиот совет на Република Македонија дека поднесува неотповиклива оставка на функцијата в.д. претседател на Основниот суд Скопје 1 Скопје. Во текот на денешниот ден Судскиот совет на РМ ќе преземе мерки за адекватно решавање на настанатата ситуација, ќе бидат извршени анализи и во најкраток можен рок ќе биде закажана седница по повод поднесената оставка на в.д. претседателот на Основен суд Скопје 1 Скопје“, се наведува во соопштението од Судскиот совет на РМ испратено поради интересот на медиумите, а во корист на јавниот интерес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top