Францускиот првак Пари Сен Жермен е заинтересиран за ангажман на фудбалерот на Реал Мадрид, Матео Ковачиќ и ќе понуди 45 милиони евра за неговите услуги. Тој не е стандарден првотимец во тимот на „кралевите“, но значајно напредуваше во својата игра под раководство на Зинедин Зидан, и со секој свој настап покажува дека може без проблем да игра во било кој друг европски клуб.
Тренерот на „светците“, Унаи Емери, верува дека Ковачиќ би бил одлично засилување за средниот ред на ПСЖ, и би можел долго време да игра во тандем со Адриен Рабио. ПСЖ ќе мора полека да ја реновира линијата за врска, со оглед дека Тијаго Мота на лето ќе наполни 35 години, а Блез Матуиди и Марко Верати имаат понуди за заминување од „Паркот на принцовите“.
Реал Мадрид го доведе Матео Ковачиќ од Интер за 30 милиони евра, па дури и значајно би заработил со негов евентуален трансфер во редовите на Пари Сен Жермен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Масовна тепачка меѓу навивачите на „ПСЖ“ и „Ѕвезда“, полицијата ги смирувала со палки (Видео)
-
Срамен потег на Дани Алвес во дуел со Роналдо, шпанските медиуми шокирани (Видео)
-
ПСЖ ја потврди повредата на Нејмар, веројатно го пропушта реваншот со Реал Мадрид
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера