
Серхио Рамос на надобар можен начин го прослави својот стоти натпревар во Лигата на шампионите, откако искусниот дефанзивец со два гола го трасираше патот на Реал Мадрид во четвртфиналето од елитното европско натпреварување. Горд на одличниот настап, Рамос не пропушти да ги „пецне“ оние кои го критикуваа по слабиот настап на дуелот со Лас Палмас во Примера дивизион.
– Пред една седмица ме плукаа, а сега пак сум супер. Тоа е нашата судбина, мораме да научиме да се однесуваме достоинствено и кога губиме, исто како и при победите. Знаевме дека нема да ни биде лесно во Неапол, но добро го одработевме натпреварот и заслужено се пласиравме во следната рунда. Среќен сум за четвртфиналето, но исто така и треба да си ги анализираме грешките бидејќи допрва пред нас се дуелите со најдобрите тимови во Европа – изјави Рамос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)


