Легендарниот џез состав предводен од култниот џез пијанист, „Чик Кориа електрик бенд“ на втори јули ќе гостува во Скопје во „Метрополис арена“.
Концертот е дел од светска турнеја и македонската публика првпат ќе има шанса да го слушне во живо проектот, кој засекогаш ќе остане како дел од музичката револуција во џез музиката.
„Чик Кориа електрик бенд“ е еден од неколкуте џез состави кои дефинитивно внесоа револуција во уметничката форма во џез-музиката. Нивниот истоимен деби албум од 1985 година пристигна како гром од ведро небо, спојувајќи неколку правци: џез, рок, латино и фанк.
Групата во текот на осумдесеттите и деведесеттите години издаде неколку албуми, коишто извршија огромно влијание од хип-хоп музиката, до сите најдобри џез музичари на денешнината.
Чик Кориа е пијанист, композитор и лидер на бендот, член на џез “Hall of Fame” и NEA Jazz Master, и еден е од уметниците со најголем број на номинации во историјата на „Греми“ со дури 63 номинации и 22 освоени награди. Тој компонира музика од класичен стил до авангарда, бебоп до џез-фјужн, детски песни до камерни и симфониски дела. „Њујорк тајмс“ го дефинира “Кориа како „светлост на врелата и вечна младост.”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст