| четврток, 6 декември 2018 |

Легендарниот „Чик Кориа електрик бенд“ гостува во Скопје на втори јули

Легендарниот џез состав предводен од култниот џез пијанист, „Чик Кориа електрик бенд“ на втори јули ќе гостува во Скопје во „Метрополис арена“.

Концертот е дел од светска турнеја и македонската публика првпат ќе има шанса да го слушне во живо проектот, кој засекогаш ќе остане како дел од музичката револуција во џез музиката.

„Чик Кориа електрик бенд“ е еден од неколкуте џез состави кои дефинитивно внесоа револуција во уметничката форма во џез-музиката. Нивниот истоимен деби албум од 1985 година пристигна како гром од ведро небо, спојувајќи неколку правци: џез, рок, латино и фанк.

Chick-Corea-Elektric-Band-2015_promo

Групата во текот на осумдесеттите и деведесеттите години издаде неколку албуми, коишто извршија огромно влијание од хип-хоп музиката, до сите најдобри џез музичари на денешнината.

Чик Кориа е пијанист, композитор и лидер на бендот, член на џез “Hall of Fame” и NEA Jazz Master, и еден е од уметниците со најголем број на номинации во историјата на „Греми“ со дури 63 номинации и 22 освоени награди. Тој компонира музика од класичен стил до авангарда, бебоп до џез-фјужн, детски песни до камерни и симфониски дела.  „Њујорк тајмс“ го дефинира “Кориа како „светлост на врелата и вечна младост.”

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top