Девет сообраќајни незгоди се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје, од кои во една пешак се здобил со тешки телесни повреди, во другадве повредено е едно лице, а во четири е причинета материјална штета.
Од страна на сообраќајната полиција санкционирани се 12 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, четворица возачи поминале на црвено светло на семафор, двајца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, седум возачи го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, како и 11 возачи кои за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон. Затекнати се и 30 непрописно паркирани возила.
Со специјалното возило „пајак“ отстранети биле 52 возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.