Минатите неколку дена непознати арамии ги искорнале шините од пругата во Кичевско, меѓу Зајас и Тајмиште.
МВР јави дека во периодот 24-27 месецов непознати сторители извршиле кражба на повеќе делови од железничката пруга Зајас-Тајмиште.
Кражбата е извршена со демонтирање и одземање на 500 штрафови за шини, 160 плочки и 20 спојки за шини од помошната железничка пруга на челичниот мост кај селото Колари. Сторителите ја извршиле кражбата на начин што најнапред ги демонтирале штрафовите, плочките и спојките, а потоа насилно ги корнеле и отргнувале од шините. Се преземаат мерки за откривање на сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.