| четврток, 6 декември 2018 |

Убиство или природна смрт: По два месеци разрешена смртта на Џорџ Мајкл

george-michael-1

По два и пол месеци конечно стигнаа резултатите од примероците за смртта на британскиот пеач Џорџ Мајкл.

Како што изјавил патолог, пеачот починал по природна смрт.

„Џорџ Мајкл починал по природна смрт која ја предизвикало слабото срце и замастени црни дробови и расправата за неговата смрт е заклучена“, рекол патолог.

„Бидејќи е потврдена природна причина за смртта , истрагата е прекината и нема потреба за понатамошна истрага“.

Џорџ Мајкл починал во својот дом во 54-та година од својот живот на Божиќ по грегоријанскиот календар во 2016 година.

Британската полиција веднаш соопшти дека до смртта не дошло под сомнителни околности, а неговото семејство објави дека „смртта била мирна“.

Поради неговите проблеми со дригата во минатото, изминатите месеци се шпекулираше за тоа дека бил жртва на прекумерна доза „тешки наркотици“, а некои зборуваа и дека боледувал од сида. Меѓутоа, соопштено е дека познатиот пеач во својот дом починал поради проблеми со срцето и замастена дегенерација на црните дробови.

„Истрагата за смртта на Џорџ Мајкл е затворена и е направен последниот пост мортум извештај. Нема потреба за понатамошни истраги, а јавноста повеќе нема да биде известувана за дополнителни детали . Семејството ги моли медиумите и јавноста да ја почитуваат нивната приватност“, е соопштено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top