Град Скопје денеска во Општина Кисела Вода ја започна 14. пролетната акција на чистење и средување на општините во градот. Во рамките на овие посети, градоначалниците на Град Скопје и на Кисела Вода, Коце Трајановски и Билјана Беличанец-Алексиќ заедно со директорите на градските јавни претпријатија и претставници на градската администрација, ќе оствари средби со претставници на урбаните заедници кои функционираат во општините.
– Овие средби претставуваат одлична можност да се сретнеме со претставниците на урбаните и на месните заедници од сите општини и да ги слушнеме мислењата на граѓаните за проектите на Градот Скопје и нивните потреби. На овие средби разговараме за прашања кои се во надлежност на Градот и јавните претпријатија, како што се сообраќајот, јавниот превоз, комуналната хитиена, одржувањето на зеленилото и за многу други прашања, истакна Трајановски.
Ваквите средби, според Трајановски, придонесуваат за подобрување на меѓусебната комуникација, зголемување на квалитетот на работата на јавните претпријатија и реализација на голем број на проблеми на терен.
Градоначалничката Беличанец-Алексиќ појасни дека акцијата во Општина Кисела Вода ќе трае пет дена, и дека општинските служби ги детектирале сите аномалии кои веќе ги доставиле до одговорните на Јавните претпријатија при што започнале со нивно одстранување.
– Во наредниов период Општина Кисела Вода ќе се вклучи и во акцијата за зазеленување на општината, при што ќе бидат засадени голем број на садници бидејќи доаѓа пролета, а после долгата зима ликот на Кисела Вода ќе биде изменет, рече Беличанец-Алексиќ.
Паралелно со средбите со урбаните заедници и претставниците на општинските администрации, јавните претпријатија на Градот Скопје ќе спроведуваат засилени активности во период од пет денови, при што ќе извршуваат работи кои се во нивните надлежности.
На новинарско прашање за локалните избори, Трајановски рече дека рокот вчера е пробиен за распишување на изборите и дека сега правните експерти и политичките партии треба да го решат начинот кога ќе бидат распишани, како што наведе, локалните избори со пролонгиран рок на оддржување.
– Постои голема опасност доколку не се пролонгира рокот, којшто е предвиден за постојно избраните градоначалници и советите на општините, да има проблем во финкционирањето на општините. Се надевам дека тоа нема да се случи и дека до завршувањето на мандатот ќе се донесе закон со кој ќе се направи пролонгирање или ќе се закаже нов термин за избори, рече Трајановски.
На прашање дали ќе се кандидира за трет мандат за градоначалник Трајановски рече дека се уште има време за тоа да се одлучи.
На прашање до каде е изградбата на Луна паркот, Трајановски рече дека Градот Скопје склучил два договора, едниот бил за инфраструктурата, а другиот за реквизити и нивното целосно инсталирање. Според него до есен оваа година ќе бидат монтирани дел од справите и дека во наредните две години луна паркот ќе биде комплетиран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Го исчистил плакарот по подолго време и…нашол лото ливче кое го направило милионер (видео)
-
Додека комуналните служби на градот дремат: Волонтери ја исчистија околината на Пошта 2 под Железничка станица во Скопје
-
Да се избегнува движење кај Градски парк, Водно и Гази Баба – апелира Град Скопје
-
Да не беше трагично, ќе беше смешно: Град Скопје признаа дека пуштиле старо видео