Од четврток, 9 март на репертоарот на скопското кино „Милениум“ ќе се прикажува новиот филм на Мартин Скорсезе „Тишина“, соопштија од Младонски културен центар (МКЦ).
Во главните улоги играат Ендрју Гарфилд, Адам Драјвер, Лиам Нисон, Таданоблу Асано.
Новиот филм на генијалниот Мартин Скорсезе нѐ носи во 17 век, каде што еден језуитски свештеник дознава дека неговиот ментор се откажал од верата додека бил на мисија во Јапонија. Загрижен, тој патува до островската земја заедно со уште еден свештеник за да дознаат што се случило, па дознаваат дека христијанското население систематски се истребува. Гледајќи ја суровата реалност на тортура и мачење врз христијаните во Јапонија, неговата верба се разнишува до темел.
Од МКЦ најавуваат уште една премиера, „Конг: Островот на черепите“ во режија на Џордан Вогт Робертс, а во главните улоги настапуваат Том Хиделстон, Семуел Л. Џексон, Брие Ларсон, Џон Гудман.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура