| четврток, 6 декември 2018 |

Венгер упати јасна порака: Фудбалерите не го бираат менаџерот на екипата

arsen venger

Арсен Венгер, легендарниот менаџер на клупата Арсенал е под голем притисок од фановите на „топџиите“ кои од него бараат што побрзо да го напушти клубот. Сепак, денес за британските медиуми Французинот упати јасна порака до навивачите и фановите дека не се тие оние кои одлучуваат кој ќе биде менаџер на тимот.

– На навивачите и на фудбалерите не им е работа да бираат кој да биде менаџер на клубот. Фудбалерите мораат да играат подобро, а управата по крајот на сезоната ќе одлучи кој ќе им биде менаџер. Јас верувам дека сме најдобриот клуб на светот, и мораме да го докажеме тоа. Играчите се подготвени да се борат и се надевам дека идната сезона ќе ја покажат својата моќ – изјави Французинот.

Венгер на чело на Арсенал е од 1996 година, но цели 13 години е без шампионска титула во Премиер лигата, додека последниот трофеј го освои во 2015 година кога триумфираше во ФА Купот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top