Воведувањето двојазичност ќе значи и воведување на бинационална држава, изјави вечерва пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски во емисијата „Јади бурек“ на телевизијата „Сител 3“, додавајќи дека ова е рушење на унитарноста.
-Денес сме во фаза кога гледаме дека оној што се пазари нема поддршка од мнозинството – посочи Димовски.
Димовски додаде дека албански пратеници се залагаат за консензуално одлучување во Македонија, наспроти мнозинско одлучување, што според него, е федерализација.
Димовски истакна дека воведувањето на двојазичност е првата фаза на федерализација, а оти во втората ќе се искористат границите од територијалната поделба од Законот од 2004 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Димовски: Вие одлучивте во овој мандат да не се гради Клинички центар
-
Илија Димовски: Доколку се заврши оваа процедура, одговорно тврдам дека покрај Преамбулата, во Уставот ќе бидат променети најмалку 51 член (видео)
-
Со зборови на СДСМ, дури кога режимот бил пуштен на најјако, вака не било
-
Изборот на составот на ДИК и референдумот неизвесни?