| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: Двојазичноста е првата фаза на федерализација

Воведувањето двојазичност ќе значи и воведување на бинационална држава, изјави вечерва пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски во емисијата „Јади бурек“ на телевизијата „Сител 3“, додавајќи дека ова е рушење на унитарноста.

-Денес сме во фаза кога гледаме дека оној што се пазари нема поддршка од мнозинството – посочи Димовски.

Димовски додаде дека албански пратеници се залагаат за консензуално одлучување во Македонија, наспроти мнозинско одлучување, што според него, е федерализација.

Димовски истакна дека воведувањето на двојазичност е првата фаза на федерализација, а оти во втората ќе се искористат границите од територијалната поделба од Законот од 2004 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top