| четврток, 6 декември 2018 |

Општина Василево ќе реализира четири инфраструктурни проекти

vasilevo

­Општина Василево потпиша договори за четири инфраструктурни проекти во износ од 2,2 милиони денари.

Градежната компанија „Жикол“ треба да асфалтира улица во населеното место Анѓелци во должина од 240 метри, две улици во населеното место Висока Маала во должина од 170 и 85 метри, како и порамнување на 450 квадратни метри јавна површина во Висока Маала каде со средства на Агенцијата за млади и спорт треба да биде изградено игралиште за улична кошарка.  Градежните работи треба да почнат во текот на наредната недела.

– Средствата за реализација на овие четири активности изнесуваат околу 2,2 милиони денари и се обезбедени од Буџетот на општина Василево. Очекувам работите да почнат согласно потпишаниот договор и да бидат комплетно завршени во текот на оваа градежна сезона, рече градоначалникот, Ванчо Стојанов.

Вложувањата во патната инфраструктура и оваа, како и во изминатите години се на агендата на општина Василево, нагласи градоначалникот Стојанов, потсетувајќи дека во периодот од 2013 до 2017 година асфалтирани или реконструирани се повеќе улици во населените места Сушево, Радичево, Нова Маала, Градашорци, Пиперево, Добрашинци, Дукатино, Седларци, Василево, Владевци и Ангелци, во вкупна должина од околу 6.200 метри за што се потрошени околу 800.000 евра обезбедени од повеќе извори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top