| четврток, 6 декември 2018 |

Меси прифатил да остане во Барселона за 35 милиони евра по сезона, но под еден услов!

mesi i nejmar

Лионел Меси е се поблиску до продолжување на договорот со Барселона. Аргентинецот ќе прифати да остане на „Камп Ноу“ и по јуни 2018 година, кога му завршува актуелниот договор.

Според најавите, Меси се согласил да добива 35 милиони евра по сезона и да остане уште неколку сезони во клубот во кој е од тинејџерските години. Петкратниот освојувач на „Златната топка“, во кариерата ги има носено дресовите само на аргентинската репрезентација и тој на Барселона.

Тој потенцирал дека сака да продолжи да освојува трофеи и да дава уште многу голови за каталонскиот гигант. Сепак, освен паричниот договор, Меси сака да види кој ќе биде новиот тренер на Барса и со кои играчи ќе располага клубот за следната сезона.

Доколку биде задоволен од тренерскито избор и од соиграчите со кои ќе биде на теренот, Меси ќе прифати за 35 милиони евра по сезона да го продолжи договорот со актуелниот шпански првак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top