| четврток, 6 декември 2018 |

Малиот кристален глобус од слалом за Марсел Хиршер

marsel hirser

Феноменалниот Австрискиот алпски скијач, Марсел Хиршер го освои малиот кристален глобус од Светскиот Куп во слалом, откако заврши на четвртата позиција на вчерашната трка возена во Крањска Гора.

Хиршер претпоследната слаломска трка ја заврши со време од 1:49,06 минути и задоцни само 0,80 секунди зад сонародникот Михаел Мат, кој прв ја мина целта. За Мат оваа победа во Словенија е прва во својата кариера во Светскиот Куп.

Второто место на денешната трка го освои италијаскиот скијач Стефано Грос со време од 1:48,56, додека третата позиција му припадна на Феликс Нојројтер од Германија (1:48,72). Вчера Хиршер ја освои титулата во супервелеслалом и го обезбеди големиот кристален глобус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top