Швајцарската скијачка Лара Гут доживеа сериозна повреда на тренингот пред настапот во комбинација на Светското првенство во Сент Мориц. За неа сезоната е завршена, откако лекарските прегледи покажаа дека ги скинала лигаментите и има сериозно оштетување на менискусот на левото колено.
Лара Гут беше една од главните фаворитки за медал и миленичка на домашната публика, но имаше непријатен пад на тренингот во слалом, по што веднаш со хеликоптер беше пренесена во најблиската клиника. Сепак, констатирано е дека повредата е сериозна и дека ќе мора да и биде извршена операција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)