| четврток, 6 декември 2018 |

Австрискиот канцелар Керн бара да се забранат митинзите на турските политичари во ЕУ

Австрискиот канцелар Кристијан Керн денеска повика да се забранат митинзите на турските политичари во ЕУ за да се  спречи оделните земји членки на Унијата, како што е Германија, да се најдат под притисок на Анкара.

Во интервју за неделното издание на германскиот весник „Велт“, Керн ја повика ЕУ да ги прекине преговорите со Турција за членство во блокот и да ја отфрли или ограничи помошта од 4,5 милијарди евра, што е планирана за Турција до 2020 година.

-Треба да ги преформулираме односите со Турција без илузии за членство во ЕУ, истакна австрискиот канцелар, пренесуваат британските медиуми.

Според него, во изминатите неколки години Турција се повеќе се одалечуваше од Европа, газејќи ги човековите права и демократските вредности, додека „не може ни да се зборува за некаква слобода на медиумите во оваа земја“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top