| четврток, 6 декември 2018 |

Огномет од емоции на концертот на Џибони и Оливер Драгојевиќ

Концертот на Оливер Драгојевиќ и Џибони во Скопје беше едно романтично далматинско патување и претставување на нивниот нов албум „Фамилија“.

Драгоевиќ и Џибони приредија таква атмосфера, од која ретко кој остана рамнодушен. Двајцата музичари на публиката ѝ се дадоа безрезервно и воспоставија одличен пријателски однос со присутните. Постарите генерации, но и оние помладите во еден глас ги пееја рефрените од нивните песни.

Емоции и овации предизвика Оливер Драгоевиќ вечерва во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ кога пред публиката ги запеа рефрените од една од најпознатите македонски песни. Тој ја крена публиката на нозе кога почна да ја пее „Битола мој роден крај“. Немаше некој што не стана и не пееше заедно со него.

Не остана покус ниту Џибони кој заедно со Влатко Стефановски на сцената ја изведе „Елено, ќерко Елено“.

Многубројната публика речиси четири часа на нозе ги проследи изведбите на хитовите од овие двајца уметници. Ечеше салата „Борис Трајковски“ од звуците на „Магдалена“, „Надалина“, „Опрости“, „Либар“, „Темпера“…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top