| четврток, 6 декември 2018 |

Три пенали на „Сан Сиро“, Милан го совлада Киево

milan-donaruma

Во рамките од 27. коло во најсилното италијанско фудбалско првенство цоставот на Милан на „Сан Сиро“ успеа да го совлада Киево со резултат 3:1.

Бака во 24. минута ги израдува „росонерите“ со водство по додавањето на Деулофеу, пред паузата де Гузман израмни на 1:1 од пенал, а Бака (45+3) можеше многу брзо да ја врати минималната предност на својот тим, но не беше прецизен од белата точка.

Сепак, колумбискиот интернационалец се поправи во 70. минута после асистенцијата на Ромањоли, а конечниот епилог го постави Лападула од пенал во 82. минута од средбата.

Милан останува во трката за една од позициите кои водат на европската сцена, ја има моментно шестата позиција со 50 бодови.

Претходно се одигра и дуелот помеѓу Сампдорија и Пескара, домаќините триумфираа со 3:1 на стадионот „Луиџи Ферарис“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top