Вчера во јавноста во голем број медиуми излезе информација дека пукнала тиквата во СЈО помеѓу Катица Јанева и Фатиме Фетаи поради непослушноста на Фетаи кон Јанева и нејзината наводна блискост со ДУИ, поради што Фетаи ќе биде исклучена од СЈО, пренесува Журнал. Ваквата информација набргу беше демантирана од СЈО, но истата остави многу прашалници во јавноста, дали можеби Фетаи не подлегнала на притисокот на Јанева и центарот на моќ под чија наредба работи СЈО.
Дека пишувањата во медиумите за караницата во СЈО се вистинити, забележува Журнал, доказ е и статусот на Љупчо Палевски, поранешен сопственик на неделникот „Старт“ и некогашен близок соработник на Црвенковски во чие време беше и претседател на Градската организација на СДСМ во Скопје. Палевски пишува дека СЈО во целост е под палката на Бејли и Заев со исклучок на Фатиме, која не сакала да се покори на наредбите на Катица и центарот на моќ под чија контрола е СЈО. Дополнително Палевски вели дека ДУИ е на далечинско кај Бејли поради СЈО.
Во политичките и новинарски кулоари се зборува дека СДСМ деновиве дејствувале со силни уцени насочени кон поединци во раководството на ДУИ кои размислувале за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Уцените оделе преку закани со снимки и дека доколку не прифатат коалиција со СДСМ, СЈО ќе ги нападне со канонада од истраги и обвиненија. Дрскоста одела дотаму што им се заканувале дека ќе завршат во притвор и ќе бидат целосно политички искомпромитирани. По ваквите закани и притисок врие во ДУИ и ситуацијата е мошне тензична. Се поголем е револтот внатре во партијата и нејасно е како ќе резултира ваквиот притисок и очигледно неволната коалиција издејствувана со притисок, дознава Журнал.
На состанокот на Претседателството на ДУИ исто така се зборувало и за Маршот кој го организира граѓанската инцијатива За заедничка Македонија. Прашањето и констатациите биле што со вакви демонстрации и револт кај Македонците. Толку многу луѓе спонтано досега не излегле како сега. И има набој, жар, елан, спремност и одлучност како никогаш порано, коментира Журнал.
Во ДУИ се загрижени што ќе се случи ако ескалира состојбата и излезат и Албанците? Свесни се, пишува порталот, дека стануваат дел од проблемот, од кој не знаат како ќе излезат.
Исто така во ДУИ постои загриженост што ќе се случи ако на локалните избори се напрви јавна или тајна коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ, Беса и ДПА? Според бројките од парламемтарните, би следувал пораз и во Чаир и во Тетово, а веројатно и во Гостивар. Во јавноста се шпекулира дека се што правел шефот на огранокот на ДУИ Бекир Асани – Беќо, правел и градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.
Меџити не само што се испазарил да го поддржи СДСМ туку ветил и дека нема да се кандидира на локалните избори во Чаир за да остапи простор за кандидат Албанец на СДСМ, дознава Журнал, со што ќе се задоволат апетитите на се поголемото албанско крило во СДСМ, така кандидат Албанец од редовите на СДСМ би бил поддржан тајно и од Меџити, со ова ќе им се забоде нож во грб на гласачите на ДУИ во Чаир и ќе го забрза распадот на партијата. Меџити како надомест за него лично се надевал за потпретседателско место во новата Влада на СДСМ.
Ваквата се по тензична атмосфера придружена со секојдневни уцени и притисок кон ДУИ е нејасно како ќе резултира во идната влада во која планира да влезе ДУИ. Таквата тензична атмосфера на среден рок може да предизвика вистинска експлозија на линијата Бејли-СЈО-СДСМ-ДУИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.