Актуелна е веста дека некогашната лото девојка Сузана Манчиќ на почетокот на седмата деценија од животот ќе се омажи за долгогодишниот партнер, грчкиот бизнисмен Симон Оцомокос. Освен Манчиќ во позрели години сродната душа ја пронашле Ана Бекута и дизајнерката Верица Ракочевиќ, Иво Јанковски и Надица Ѓеоргиева и многу други.
Сузана Манчиќ и Симон Оцомокос
Најпознатата лото девојка Сузана Манчиќ ќе го изговори судбоносното “да” на својот долгогодишен партнер Симон на последниот ден од март во интимна атмосфера во Венеција. Иако врската со грчкиот бизнисмен со години ја одржуваше на далечина, Сузана беше цврста во ставот дека никогаш повторно нема да се омажи. Пред Симон, ексводителката беше во брак со музичарот Небојша Куниќ, со кого има две ќерки.
Ана Бекута и Милутин Мркоњиќ
Пејачката и политичарот својата љубов ја прославуваат на 14 февруари веќе 6 години.
Се запознавме во ноември, пред шест години, а почнавме да се забавуваме малку подоцна. На денот на љубовта и виното прв пат се бакнавме и од тогаш сме неразделни, рекла пејачката во едно интервју.
Инаку, политичарот официјално се уште е во брак со првата сопруга, но тоа не ја спречува Бекута да биде со Мрка и нивната врска важи за една од најстабилните на овие простори.
Иво Јанковски и Надица Георгиева
Нивната љубовна приказна е како од роман, а дека важат за еден од најскладните парови на домашната јавна сцена потврда насмевките на нивните лица кои блескаат секогаш кога се еден покрај друг.
Со Иво се знаеме од многу одамна, а првично не врзуваше пријателство со оглед на тоа што еден период бевме и соседи, а заедно работевме и на неколку проекти. Морам да нагласам дека бракот со Иво е најдоброто нешто што ми се случило во животот”, откри екс манекенката во едно интервју.
Целиот текст прочитајте го на Вечер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.