| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: Ваков договор Македонец не склучува, туѓа платформа Македонија не прифаќа

СДСМ упорно молчи за нашиот предлог кој не е ништо друго туку подадена рака за спас на државата од разнебитување. Знам дека се уценети и знам дека се плашат од сценаристот и јасно е дека кога ја прифатиле оваа валкана игра се согласиле на условите кои сценаристот им ги поставил, објави на социјалните мрежи Никола Тодоров, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

todorovfb

-Договорот помеѓу сценаристот и СДСМ накратко може да се дефинира вака: јас (сценаристот) се обврзувам да ве донесам на власт, а вие (СДСМ) се обврзувате да направите се она што јас(сценаристот) ќе ви го кажам. Ваков договор склучува само очајник кој по секоја цена сака да се дограби до власт. Ваков договор не склучува државотворна партија. Ваков договор МАКЕДОНЕЦ не склучува. Ваква, туѓа, платформа Македонија не прифаќа, напиша Тодоров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top