Потрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 2:58 часот, во близина на Соломонови Острови во Тихиот Океан.
Ова го објави геолошко топографската служба на САД, пренесува „Регнум“ (Regnum).
Епицентарот на потресите бил на длабочина 53,7км, недалеку од јужните делови на островот Бугенвил. Нема информации за жртви и разурнувања, а исто така нема прогласена тревога за цунами.
Утрово земјотреси имаше во Турција и Германија. Во Турција имало над 10 потреси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.